Шанса за историја! Вардар на Флензбург, Металург на Кил!

Денеска во Виена беше одржана ждрепката за четвртфиналните парови во Велукс ракометната лига на шампиони. Македонските тимови, својата историска шанса за пласман на фајнл фор во Келн ќе треба да ја бараат против два тима од најсилната лига во светот, Германската бундес лига. Вардар како да е магнет за Германците, па по сензационалната елиминација на европскиот шампион Хамбург, овој пат патува во Флензбург каде ќе се обиде да го обезбеди толку посакуваниот историски билет за Келн. И Металург ќе лета за Германија на дуел со несомнено најголемиот ракометен бренд во изминативе деетина години, екипата на Кил. Ждрепката сакаше двете земји кои имаат по два претставника во четвртфиналето да ги одмерат силите едни против други. Ние викаме а зошто да не!  Вардар и Металург покажаа дека кога се игра со срце секој може да падне. Зошто и овој пат да не биде така? Едно е сигурно,а тоа е дека Скопје ќе биде сведок на два епски ракометни спектакли, два натпревара по кои имињата Вардар и Металург ќе станат значаен фактор во европскиот ракометен крем. До тогаш нетрпеливо одбројуваме!

champleague

Останати четврт-финални двојки:

Рајн Нехар Ловен-Барселона

ПСЖ-Веспрем