Чешка фати ритам, и врати на Словачка со иста мерка

После вчерашниот пораз од Словачка со 21:24 денеска репрезентативците на Чешка дојдоа до победа на вториот дуел против истиот ривал со 23:20.

Во меч во кој Чешка се наоѓаше во водство од стартот на средбата и на крајот од првиот дел имаше водство од 12:8. Овие четири гола се чува и во вториот период од натпреварот, а на моменти водството беше изразено и со пет погодоци, 13:8 и 15:10.

До крајот а средбата немаше проблеми за да се зачува водството и на крајот да се дојде до победа за реванш против Словаците од 23:20.

На оваа средба во редовите на Чешка најефикасен беше Здрахала со седум гола, додека кај Словаците Бријатка и Пехи имаа по четири гола.

Чешка е ривал на Македонија на Европското првенство и директен ривал за пласман во вториот круг на шампионатот. Инаку, добро познат противник со кој Македонија досега се има среќавано неколкупати.