Чешка последна пречка за Светското првенство во Франција

Ракометната репрезентација на Македонија, денеска во Краков го дозна последниот противник кој стои на патот кон Светското првенство во Франција. Меѓу 24 екипи кои ќе се натпреваруваат за едно од 12-те места на СП Франција 2017, резервирани за Европа, Македонија својот противник го доби од групата неносители.

Во првиот барабан беа сместени 9 најдобри екипи од ЕП кои не обезбедуваат директен пласман на Светското првенство во Франција. Освен Македонија во барабанот 1 беа сместени и Русија, Шведска, Полска, Исланд, Унгарија, Данска, Белорусија и поразениот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка.

Додека во барабанот на неносители се пласираа Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Латвија, Холандија, Португалија и најслабопласираните Црна Гора, Словенија и Србија.

Во второто извлекување, откако Михаел Видерер ја извлече репрезентацијата на Чешка веднаш потоа ја прочита Македонија и тоа е дуелот за бараж на Светското првенство 2017.

ОСТАНАТИТЕ ДВОЈКИ ОД БАРАЖ ДУЕЛИТЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА 2017

МАКЕДОНИЈА-ЧЕШКА РЕПУБЛИКА

РУСИЈА-ЦРНА ГОРА

ШВЕДСКА-БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

ПОЛСКА- ХОЛАНДИЈА

ИСЛАНД- ПОРТУГАЛИЈА

УНГАРИЈА-СРБИЈА

ДАНСКА-АВСТРИЈА

БЕЛОРУСИЈА-ЛАТВИЈА

ХРВ/НОР-СЛОВЕНИЈА