Червар полуде: Ме заболе к@#*ц, ова е борба за живот!

Бразил доминантно го отвори натпреварот против Хрватска, а “кариоките” продолжија во исто темпо и во текот на целото прво полувреме кое го завршија во своја полза со 17-13.

Големиот број технички грешки и високата предност на противникот , го принудија Лино Червар да повика тајм-аут на кој буквално полуде обраќајќи им се на своите ракометари:

“Ме заболе к*!@ц, ова е борба за живот! Борба за живот!- викаше Червар по своите ракометари.

Хрватска има максимален ефект во досегашниот дел од СП, а со евентуална победа против Бразил ќе ги зголеми шансите за евентиално полуфинале. По првиот дел ништо не оди по зацртаниот план, што е и главна причина за нервозните реакции на стариот лисец Червар.