Червар: Нека слушне цел свет, ова беше класична кражба! (ВИДЕО)

Хрватска доживеа пораз од Германија и ги изгуби сите шанси за пласман во полуфиналето на Мундијалот во Данска и Германија.  Меѓутоа за хрватскиот селектор Лино Червар победата на Германија не е легитимна и е класичен подарок од страна на данскиот судиски пар Хансен-Гјединг.

По завршувањето на мечот Червар буквално полуде пред камерата на РТЛ, фрлајќи со дрва и камења кон данскиот судиски пар:

” Не е дека не ни одеше, нас и тоа како ни одеше во натпреварот, но на крајот на патот на победата ни се испречија данските судии кои буквално ни ја земаа од рака. Така е, нека чуе цел свет, ова беше класична кражба каква што не е видена. Низ историјата постојано сме крадени од судиите, 2008, 2009 и 2010 година, украдени ни се 3 првенства. Одговорно тврдам дека на сите тие големи натпреварувања судиите беа главниот фактор за неуспехот на Хрватска. Мора да се стави крај на тоа, мора да се бориме против неправдата, да го дигнеме гласот за да не се повторуваат вакви работи во иднина. Заслуживме да победиме, доколку молчиме ништо нема да се промени. Како јас сега да им кажам на ракометарите дека се бореа до коска, али едноставно не им беше дозволено да победат. Како да играме понатаму ако сме жртвени јагниња пред време. И за крај ќе напоменам, во спортот треба да се биде човек, а данските судии тоа не беа денес”- заврши разочарано Червар.