Чави Пасквал тренер на Барса до 2017 година!

Иако имаше потпишано договор до 30 јуни 2015 година, раководството  на Барселона реши да му го продолжи договорот на својот тренер Чави Пасквал и на некој начин да го награди за целокупната негова успешна работа од кога ја превзема клупата на Барселона во 2009-та година.

Пасквал во периодот од (2005 до 2008 година) беше тренер на голманите, од (2006 до 2008 година) беше тренер на младинските категории и помошник тренер, за да во 2009 година ја превземе улогата прв тренер на Барселона.

Во наредните 3 години тој ќе ги извршува улогите на  прв тренер и технички секретар во екипата. Во својата кариера Чави Пасквал има освоено многу титули со екипата на Барселона како што се ( четири последователни  шампионски титули во Асобал лигата 2011,2012,2013,2014, титула во лигата на шампони 2010/2011, светска клубска титула во 2013 година, 4 куп титули, 3 супер купови на Шпанија) или вкупно 20 титули во 4 и пол сезони на клупата на Барселона.

Досега во оваа сезона  Барса ја освои Асобал лигата, супер купот, купот на кралот и светското клупско првенство. Останува уште европската шампионска титула за која ќе се борат од 31 мај до 1 јуни во Ланксес Арената во Келн.