Цупара: Не се грижете за српските голмани

Репрезентацијата на Србија во Ковилово фаќа ритам за Европското првенство. Србите тренираат два пати дневно, се работи на тактички и технички план а тренерскиот тим работи на анализа на противниците.

Србија имаше доста проблеми со повреди особено на голманската позиција. Најпрво откажа Дејан Милосављев кој беше во фантастична форма, а потоа на неколку дена пред собирот и голманот на Металопластика, Тодор Јандриќ го повреди зголобот.

„Многу ми е жал што Милосављев не оди на првенството. Беше тука во квалификациите и имаше неверојатна сезона позади себе, мислам дека би биле добар тандем и сега. Младиот Јандриќ исто така имаше феноменална сезона во Металопластика и е иднината на нашиот спорт. Меѓутоа, присигнува Тибор Иванишевиќ кој ја санираше повредата и се враќа уште посилен. Не грижете се кога се голманите во прашање, имаме многу квалитетни“, коментираше Владимир Цупара.

Пред Србија се тест натпревари со Египет, а потоа во Франција со домаќинот, Данска и Норвешка кои ќе бидат последна проверка пред првиот меч на првенстовото со Белорусија. Цупара ги коментираше ривалите во гурпната фаза.

„Слушам луѓето зборуваат дека групата е лесна, дека мораме и можеме, но јас не мислам така. Групата е тешка, неизвесна ќе биде тешко во сите натпревари но мора да одиме чекор по чекор, да мислиме на тоа што не очекува следно. Белорусија е одлична, има добар тим, Црна Гора ќе сака да не победи по секоја цена, а за Хрватите да не зборувам. Ќе ни биде потребна поддршка од јавноста и навивачите, имаме млада екипа гладна за успех и мислам дека можеби е време да бидеме горди“, заврши голманот на Веспрем.