Црногорската надеж Пејовиќ во унгарски Веспрем

Колонијата на ракометарки од поранешнa Југославија во Унгарија од сезона во сезона се зголемува. Ракометарката Наѓа Пејовиќ (18) од екипата на ЖРК Даниловград оди на позајмица во унгарски Веспрем следната сезона. Пејовиќ која има настапи за младинските категории на Црна Гора се смета за една од надежите на црногорскиот ракомет.

Женскиот клуб Веспрем заврши на 9-то место во унгарската лига. Пред Пејовиќ на печалба во Унгарија замина и младата Јелена Деспотовиќ која го напушти ЖРК Будуќност заради малата минутажа.