„Црвено-црна“ рапсодија во „Јане“: Европскиот првак на колена пред Вардар!

Македонскиот првак Вардар во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите вечерва во спортскиот центар „Јане Сандански“ го пречека актеулниот европски првак Киелце. Борбата за прво место во групата Б заврши со победа за Вардар, за обезбедување на врвот на табелата.

Македонскиот првак го отвори натпреварот со два погодока во низа, но разликата ја задржа до шестата минута кога европскиот првак изедначи на 3-3. Во продолжение Киелце ја продолжи својата низа до 3-5, но до десеттата минута резултатот повторно беше изедначен на 6-6. Во израмнето и неизвесно полувреме први до водство од три разлика стигнаа вардарци во 15-та минута, но ниту тоа не беше доволно да се контролира играта и резултатот. Киелце по само пет минути комплетно се врати во игра, а во ист ритам помина и продолжението на натпреварот, затоа на полувреме двете екипи заминаа на нерешени 18-18.

varkiel-2

Неизвесноста продолжи до 40-та минута, кога со серија од три погодоци Вардар се одлепи и најави победа на овој дуел. Одличната игра во средината на вториот дел надополнета со расположениот Штербик значеше пет погодоци предност за Вардар во 47-та минута. Играта на противникот се распадна, одбраната беше спора и деконцентрирана,  на спротивната страна македонскиот првак го имаше расположениот голман и затоа Вардарци успеаа преку Карачиќ да ги постават и првите шест голови предност (33-27) со кои влегоа во последните 10 минути од натпреварот. Разликата растеше до највисоки +9 (37-28), а во рутински финиш Вардарци ја забележаа петтата победа со резултат 40-34.

Најпрецизен на теренот беше Карачиќ со 9 а го следеа  Душебаев и Дибиров со осум голови. Кај актуелниот првак  Агинагалде постигна 8, а го следеше Јуркевич со 5.