Цветковски му донесе победа на Егер

Македонскиот голман Јане Цветковски брани во одлична форма на стартот на сезоната во унгарскиот шампионат.

Неговиот тим Егер Естерхажи славеше на домашен терен против Будакалаш со 22-21, а дел од заслугите за победата одат на адреса на Цветковски кој забележа 17 одбрани.

Дел од овие одбрани (и еден пенал) беа во клучните моменти во финишот кога Будакалаш имаше шанса да се врати во натпреварот за позитивен резултат.

Егер по пет кола има две победи, едно реми и два порази, а следен предизвик за македонскиот голман и соиграчите ќе биде гостувањето кај Ѓенѓеш.