Цветковски беше клучот на Егер во триумфот над Чурго

Македонскиот голман Јане Цветковски игра во одлична форма од стартот на сезоната во дресот на Егер Естерхажи во унгарскиот шампионат.

Неговата екипа славеше на тешкиот натпревар против фаворизираниот Чурго со 30-29, а клучниот човек во победата беше Цветковски.

Тој запре 13 удари на противничките ракометари, од кои еден пенал, а успеа да постигне и еден погодок. Следен предизвик за Егер ќе биде домашниот дуел со Ференцварош.