Хуанин Гарсија најави повлекување од ракометот

Левото крило на Шпанската репрезентација и член на Барселона Хуанин Гарсија, денеска на прес конференција најави повлекување од ракометот.Пред своите соиграчи, тренерот Чави Пасквал и сопругата Катја, Хуанин Гарсија имаше емоционално обраќање:

Во сабота ќе го одиграм мојот последен натпревар во Палау Блауграна. Ова беа девет најубави години во мојот живот, и вечно ќе и бидам благодарен на Барселона што ме зема во своите редови и ми дозволи да го живеам овој сон. Никогаш не ми се веруваше дека ќе го облечам овој дрес и ќе бидам дел од ова големо семејство. Се заблагодарувам на довербата која ја имав од сите во клубот, како и на мојата сопруга која секогаш беше покрај мене.

Чави Пасквал(тренер на Барселона):

Хуанин даде многу за овој тим, многу повеќе од тоа што се гледа на теренот за 60 минути. Играч со натпреварувачки дух секогаш задолжен за менталниот склоп на екипата, и права подршка за секој нов играч на Барселона.

Хуанин Гарсија

Хуанин Гарсија игра на позицијата лево крило. Една од неговите најголеми карактеристики претставува неговата брзина,а важи и за еден од најдобрите изведувачи на седмерци во светот.Својата кариера ја започнува во својот роден град во екипата на Адемар Леон, клуб во кој од најниските категории стигнува до првата екипа каде станува и капитен. Во овој период освојува многу признанија и титули на клупско и репрезентативно ниво. Во 2004 година од ИХФ беше избран за најдобар играч на светското првенство.Сеуште е најдобар стрелец во историјата на Адемар Леон, и играч со најмногу настапи во истоимениот клуб.
Сезоната 2005-2006 преминува во екипата на Барселона.Од 26 јануари 2010 станува најдобар стрелец во историјата на шпанската репрезентација надминувајки го Хуан Франциско Муњоз Мело на средбата на европското првенство во Австрија, Шпанија-Германија каде беше стрелец на 5 голови.Во понатамошниот тек на кариерата продолжува да руши рекорди па на 14 мај 2011 станува најдобар стрелец во историјата на Асобал.На 31 март 2013 година станува првиот играч кој постигнал 2000 голови во Асобал лигата. 2014 година е годината кога решава да се повлече од ракометот.Зад себе остава многу рекорди за новите генерации ракометари да се обидат да ги надминат.

Адемар Леон(1997-2005)

1 Асобал Куп(1998-1999)
1 Куп на кралот(2001-2002)
1 Шпанско првенство(2000-2001)
2 Шампионски титули во ЕХФ купот(1998-1999),(2004-2005)

Барселона (2005-2014)

5 Шпански првенства (2005-2006),(2010-2011),(2011-2012),(2012-2013),(2013-2014)
4 Куп на кралот(2006-2007),(2008-2009),(2009-2010),(2013-2014)
5 супер купа на Шпанија (2006-2007),(2008-2009),(2009-2010),(2012-2013),(2013-2014)
4 Асобал купа(2009-2010),(2011-2012),(2012-2013),(2013-2014)
1 Лига на шампиони(2010-2011)
2 супер купа на Каталонија(2012),(2013)
1 ИХФ Супер Глоуб(2013)

Репрезентативна кариера:

Светско првенство(Тунис,2005)-златен медал
Светско првенство(Шведска,2011)- бронзен медал
Европско првенство(Швајцарија,2006)-сребрен медал
Олимписки игри(Кина,2008)-бронзен медал

Индивидуални достигнувања:

Најдобар стрелец во историјата на Шпанската лига(од 14 мај 2011година)
Најдобар стрелец во историјата на Шпанската репрезентација(од 26 јануари 2010година)
Втор најдобар играч на светот и најдобар играч на светското првенство (2004година)
Најдобро лево крило (Олимписки игри,Атина 2004 година)
Најдобро лево крило во Асобал лигата (2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2012 година)
Спортист на годината на град Леон(2002,2004,2005,2008 година)
Најдобар стрелец (Олимписки Игри, Кина 2008 година)