Хмирова: Одличен резултат во првата сезона

Го започнавме раговорот со популарната „Тата“, по последниот сезонски натпревар на ЖРК Вардар СЦБТ во македонското првенство. Набрзо после доаѓањето во Скопје руската репрезентативка Татјана Хмирова стана миленик на македонската публика. Пред да дојде во Вардар, Татјана долги години настапуваше во екипата на Динамо Волгоград и повеќепати го има освоено руското првенство. За Македонија ја врзува фактот што нејзиното прво деби во руската репрезентација беше токму тука на Европското првенство во 2008 година кога успеа да го освои бронзениот медал, но нејзиниот најголем успех следуваше во наредната 2009 кога со само 19 години бееше дел од златната репрезентација на Русија  на светското првенство во Кина.

Во нејзиното прво интервју за 24ракомет Татјана се наврати на нејзините почетоци во ракометот.

“Моите родители го тренираа овој спорт, а јас бев многу подвижно и палаво дете и кога имав 12 години заедно со една моја другарка решивме да отидеме на тренинг и така започна мојата приказна”

“Во руското првенство е интересно тоа што има неколку екипи кои се на исто ниво, а  самото тоа секоја година носи незивесност за тоа кој ќе биде новиот носител на титулата и тоа го чини руското првенство едно од поинтересните првенства во Европа.  За жал ниедна од руските екипи не игра во Лигата на шампионите, што во случајов е голем  недостаток, но се надевам дека во блиска иднина сето ова ќе се промени.”

Секој тренер со кој што имала можност да работи влијаел позитивно на нејзиниот развиток и за секој од нив таа има само пофални зборови.  Колку за неа е важен  тимскиот дух говори фактот што, за неа е многу побитно кога екипата победува без разлика на нејзината игра.

“Кога ти победуваш и освојуваш златни медали, не е важно колку голови си постигнал и дали си посилен од некој играч, важно е што твојата екипа станува посилна и на крајот сите заедно стоите на пиедесталот.”

DSC_0086

Секој почеток е тежок па така и  првите три месеци по пристигнувањето во Македонија биле најтешки за неа.  Олеснителна околност за  Хмирова преставувал фактот што во екипата веќе имаше неколку ракометарки од Русија кои и го олесниле самиот процес на адаптација во новата и непозната средина .

“Уште пред неколку години размислував за можноста да заминам во странство.  Во тоа време многу ми се допаѓаше брзиот стил на игра кој што го практикуваа данските екипи, но со тек на време сфатив дека не е важна земјата во која што ќе играш туку спортот на кој јас целосно сум посветена. Пред  да  дојдам тука знаев дека екипата на Вардар има сериозни планови и дека се работи за еден добар долгорочен проект и нема да не следи истата судбина како екипата на Олтчим”.

После долги години поминати во иста екипа, промената на клубот неминовно носи позитивни промени во однос на професионалниот напредок на играчот.

‘’Знам дека се променив како играч и фактот што играш во една екипа која уште во првата година успеа да стигне до третото место во Лигата на шампионите значи дека треба да се докажуваш пред публиката, другите играчи и секако на самиот себе”

Иако многумина потајно веруваа, на крајот на сезоната екипата на Вардар успеа да го постигне најголемиот  успех во клупската историја и секако да го донесе првото европско полу- финале на Хмирова во нејзината кариера.

“ Имаше некои напревари во оваа сезона во кои  едноставно работите не ми одеа од рака, можеби најтешко ми беше да играм против одбраната на  Ларвик на домашен терен како и против екипите на Турингер и Митјиланд.”

“Пред старот на Фајнал Фор турнирот очекував дека ќе имам голема трема бидејќи никогаш претходно не сум настапувала во финалето на ова натпреварување и сега на крајот од сезоната можам да кажам дека сум многу задоволна од успехот кој ние го постигнавме во Будимпешта. Штом екипата на Ѓер победи значи дека тие се и најдобра екипа во оваа сезона, би било добро доколку во наредната година би можеле да играме токму против нив во финалето”.

Кариерата ја започна на позицијата лев бек, додека пак за руската репзентација игра на централаната позиција, последните 6 години игра на десен бек и поради долгото време поминато на таа страна, најкомфортно се чуствува токму на таа позиција.

DSC_0078

Од  друга страна пак ако погледнеме на нејзиниот приватен живот и како таа го поминува времето вон теренот,  “Тата” вели:

“Незнам многу места низ Скопје, тука сум само една година така да во иднина ќе имам доста време да истражувам. Се трудам колку што можам да го искористам слободното време и притоа шетам, одмарам, слушам музика, читам, сакам да танцувам но тоа не го правам толку често во последно време. Исто така не сум зависиник од социјални мрежи иако имам профил на инстаграм и фејсбук, но не сум толку активна”.

За крај на нашиот разговор Тања ни откри дека Рим, Париз, Малдиви, Њујорк и Токио се  наоѓаат на листата на нејзини омилени дестинации , а што се однесува до храната обожава да јаде месо и помфрит.