Хајди Локе привремено се повлекува од националниот тим

Кружниот напаѓач на Норвешка, и членка на Ѓер Ауди ЕТО, Хајди Локе објави дека поради семејни причини привремено се повлекува од настапите за репрезентацијата на Норвешка.

Во моментов чуствувам дека треба да поминам повеќе време со семејството . Сакам да бидам повеќе присутна во животот на мојот син кој оди во училиште во Унгарија . Јас сум сеуште максимално мотивирана , но за момент ќе ги сменам приоритетите- изјави Хајди Локе.

Селекторот на Норвешка, Торир Хергерсон ја почитува нејзината одлука, но се надева дека Хајди Локе за брзо време ќе се придружи на своите репрезентативни колешки од репрезентацијата .

Хајди е клучен играч во тимот и многу придонесе за постигнувања на добрите резултати последниве години. Ние ја почитуваме одлуката на Хајди, и се надеваме дека по паузата ќе ни се придружи – изјави селекторот на Норвешка.