Хаос во ЦСМ Букурешт, апсења, откази, неизвесност: Има ли надеж?

Романската екипа ЦСМ Букурешт е во целосен хаос поради настанатите проблеми во главниот град на Романија. Главната причина е апсењето на градоначалникот на Букурешт, Сорин Опреску заради корупција. Освен ракометните тимови во проблеми ќе бидат и клубовите од другите спортови кои се финансирани од локалната власт на Букурешт.

Тренерот Мете Клит доби отказ и во наредниот период клубот ќе бара ангажирање на професионален тренер кој ќе може да ја подготви екипата за настап во Лигата на шампионките. Букурешт за престојната сезона донесе звучни засилувања како Изабел Гулден и Мариа Фискер. Освен женската екипа, осетно се засили и машката екипа на ЦСМ Букурешт каде покрај домашни ракометари има и ракометари од странство.

Колкава штета ќе претрпат клубовите од Букурешт поради настанатата ситуација ќе знаеме во наредните денови.