„Фуријата“ сигурна против незгодната Унгарија

Репрезентацијата на Шпанија запиша нови бодови на ЕП во Хрватска совладувајќи ја незгодната Унгарија 27:25 (12:13) во рамките на групата Д.

Шпанците го отворија резултатот со погодокот на Гурбиндо, но Унгарците изненадија со отпорот па до средината на полувремето се играше гол за гол (7:7). Избраниците на Ривера направија серија од три погодоци за највисоки (7:10). Унгарците ги консолидираа своите редови за изедначување (12:12) на минута ипол пред крајот на полувремето, но Алекс Дујшебаев стрелаше прецизно за (12:13) на полувреме.

Вториот дел продолжи во ист ритам. Шпанците имаа водство од еден до два гола, но Унгарците не се предаваа, па неколкупати успеваа да дојдат до израмнување. На пет минути пред крајот на натпреварот Шпанија имаше водство од само еден погодок 24:25, но до последниот свиреж на судијата избраниците на Врањеш немаа сила за изненадување. Шпанија триумфираше со 25:27 и освои нови два бода во рамките на групата Д со што го потврди пласманот во втората рунда.

Најпрецизен во репрезентацијата на Унгарија беше Бенче Банхиди со 6 погодоци, а кај Шпанците Алекс Душебаев, Адријан Фигуерас, Валеро Ривера и Арињо Аитор постигнаа по 4 гола.