Франција и Хрватска во иста група во квалификациите за ОИ

Завршувањето на Светското првенство воедно даде интересна слика за квалификациските групи за Олимписките игри. Трите групи веќе добија по две репрезентации, па останува да се почека една година додека истите да бидат комплетирани или да дојде до одредено поместување.

Според сегашната ситуација во Групата 1 ќе играат репрезентацијата на Норвешка и на Шпанија. Во Групата 2 се селекции кои ги одмерија силите во на Мундијалот, Хрватска и Франција, додека во Групата 3 се Германија и Шведска.

Доколку некоја од овие селекции стане европски првак или во финалето на Европското првенство следниот јануари биде поразена од Данска тогаш ќе оди директно на Мундијалот, па местото може да добие Египет (во ситуација да не е шампион на Африка). Во таков случај ќе дојде до поместување.

Засега ситуацијата е таква и јасно е дека групите го имаат следниот изглед.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ГРУПА 1: Норвешка, Шпанија

ГРУПА 2: Франција, Хрватска

ГРУПА 3: Германија, Шведска