Франција аплицира за четири места во Лигата на шампионите

Фрацуската ракометна федерација аплицираше за три вајлд-карти за Лигата на шампионите. Според планот на ФФХБ, од француската лига на екипата на Данкерк ќе и се придружат Париз Сент Жермен, Монпеље и ХБЦ Нант.
Овие три екипи веќе се квалификуваа за настап во Купот на ЕХФ, бидејќи Монпеље победи во Лига купот, а ПСЖ во Купот на Франција. Третата екипа, тимот на Нант заврши како четвртопласиран во францускиот шампионат.
Извршниот комитет, на состанокот на 20/21 јуни ќе одлучува за дополнителните места во Лигата на шампиони 2014/2015. По овој состанок ќе биде познато дали македонскиот вицепрвак, екипата на Вардар, ќе учествува во најквалитетната лига во светот.