Финалето на светското клубско првенство без европскиот шампион

По првото полуверме, освојувачот на Лигата на шампионите, Фленсбург беше на вистинскиот курс кон финалето на ИХФ Суперглоуб турнирот, но потценувањето на противникот и прераното опуштање го одведе катарскиот клубот Ал-Садд во големото финале со резултат 26:27 (17:11) и на огромно изненадување на ракометната јавност му го нанесе првиот пораз во ИХФ Супер Глоуб на бундеслигашот.
Од редовите на актулниот европски клубски шампион на натпреварот против Ал-Садд на теренот не се појавија Томас Могесен и Јаков Хеинл, кои добија поштеда од тренерот Врањеш.
По почетните минути, Фленсбург, водеше со 1: 4. Матијас Андерсен беше на висина на задачата и постојано ја контролираше одбраната на германците, а по неговите одбрани се редеа брзи напади. Но брзата игра не секогаш одеше во полза на бундеслигашот, ракометарите на Ал Садд успеваа да се приближат на три голови предност, а претпазливата германска машинерија веднаш возвраќаше за по почетните триесет минути да има водство од 17-11.
Кога веќе сите го видоа победникот на најсилното натпреварување на светот во финалето, започна второто полувреме, во кое единствена светла точка беше искусниот шведски голман. Стартот на последните триесет минути најави зголемување на водството на Фленсбург на 12:19, но тука згасна германскиот моторот, за десет минути, екипата на Љубомир Врањеш загуби пет голови од предноста која ја имаа во почетните моменти од вториот дел. При резултат 19:21, тренерот на Фленсбург се обиде со совети на тајм-аут да влијае на моралот на екипата, но тоа не вроди со плод. Ал Садд во последната четвртина од натпреварот, најпрво изедначи на 23:23 и го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Ласе Сван ги одржа надежите на германците со погодок за последно водство на Фленсбург од 24:25. Во последните две минути Јанко Кевиќ и Марио Томиќ ја донесоа радоста за катарците. Кевиќ стави точка на натпреварот една минута пред крај на натпреварот за 27:26. Фленсбург имаше две шанси за израмнување најпрвин пеналот на Егерт му го одбрани катарскиот голман, Фленсбург се одбрани и во последниот напад се обиде со „цепелин“ да го однесе натпреварот во продолжение, но обидот на Егерт беше квалификуван како престап за огромно славје на катарскиот шампион.
Статистика Ал-Садд – СГ Фленсбург-Хандевит 27:26 (11:17)
Aл-Садд: Слахџи (4(1п.) одбрани), Алабдула (4 одбрани) – Алкрад, Салман, Банур (1), Кевиќ (8(6)), Алсајад (2), Албиши (2), Елфахарани, Саед (3), Омахиќ, Томиќ (5), Алхамди, Алшамари (4), Рамазан, Кенуи

Фленсбург-Хандевит: Андерсон (15(2п.) одбрани), Молер (до 7минута, 1(1п.) одбрана) – Карлсон, Ненадиќ (3), Егерт (3), Гландорф (3), Сван (8), Ванне (1), Кауфман (3) Јакобсон (1), Захариесен (4)

Судии: Рашед / Елсајед (Египет)

Делегат: Драган Начевски (Македонија)
Публика: 1800