Филип Лазаров : Мислите ни се насочени кон Германија, одиме на победа

Македонската ракометна репрезентација  издвојува победа над Црна Гора за „ два од два “  и прво место во во групата Ц на ЕП во Хрватска . Левиот бек на репрезентацијата, Филип Лазаров не го криеше задоволството од победата и пласманот во втората фаза.

„ Пресреќни сме со оваа победа. Пред почетокот на мечот коментиравме дека Црна Гора е сериозна репрезентација и тоа го покажаа денеска на теренот. Ние секогаш имаме проблем кога треба да се носиме со улогата на фаворити. Треба да им се честита на моите соиграчи бидејќи изигравме два неизвесни натпревари кои на крајот ги добивме, тоа е знак за голем квалитет “

За следниот натпревар со репрезентацијата на Германија, Лазаров истакна дека ја очекуваат со нетрпение и дека сите мисли се насочени кон тој натпревар.

„ Германија е фаворит, но ние многу пати до сега сме докажале дека играме подобро кога ја имаме улогата на аутсајдери. Одиме на победа, тоа ни е натпревар за четири бода и прво место во група “

Со оваа победа над Црна Гора, „ црвено- жолтите“ се сигурни патници за Вараждин во втората фаза од Европското Првенство.