Фановите ги чекаа шампионите на аеродром (ВИДЕО)

Ракометарите на Шпанија беа дочекани на аеродромот во Мадрид од голем број на фанови коишто со нив ја прославија титулата освоена во неделата во Загреб на Европското првенство.

Шпанците конечно успеаја да стигнат до успехот кој им недостигаше и да се искачат највисоко на пиедесталот на еден шампионат на стариот континент, па затоа имаше голем број на публика која синоќа ги дочека во Мадрид.

Со ракометарите е и Жоан Канељас кој беше дел од целиот турнир, а Арпад Штербик како што најави после натпреварот поради обврските кон Вардар мораше да се врати во Скопје бидејќи го очекува дуел со Брест во СЕХА-лигата.

Инаку, Шпанците треба да бидат примени од кралот и од другите лица кои ја водат земјата.

Како изгледаше пречекот можете да погледнете во продолжение.