Уште еден дански клуб на работ на банкрот

Малку невообичаено со оглед на вниманието и популарноста која ја има ракометот во Данска, екипата на Рандерс се соочува со големи финансиски проблеми во пресрет на новата сезона.

Но за оние подобро упатените во случувањата, Рандерс не е првиот тим што преживува финансиска криза во Данска. Години наназад тоа беше случај со Слагелсе, Икаст, Виборг, Копенхаген, па машкиот Копенхаген, двата тима Бјерингбро и Силкеборг….

Раководството на Рандерс испрати писмо до постојните спонзори во кое се вели дека имаат голем недостаток во буџетот за наредната сезона 2019/20 и побараа помош. Сегашниот буџет на клубот е околу 200.000 евра, а доколку не го обезбедат тешко дека ќе ја преживеат следната сезона.

Во март годинава, дел од раководството на Радндерс предводено од извршниот директор си дадоа оставка. Од тогаш клубот ја смени политиката и се насочи кон своите млади ракометарки од својата академија. Исто така исплатите по постојните договори беа минимизирани, па многу ракометарки да го напуштат клубот.