Утешно призание за Шпанија: Валеро Ривера е најдобар стрелец на Европското првенство во Полска

Левото крило на шпанската ракометна репрезентација, Валеро Ривера е најдобриот стрелец на Европското првенство во Полска. Шпанскиот репрезентативец се закити со ова признание по постигнати 48 погодоци, два повеќе од Германецот Тобијас Рајхман.

Рекордот на постигнати погодоци во историјата на Европските првенства го држи нашиот ас, Кирил Лазаров со постигнат 61 погодок на Европското првенство во Србија 2012.

ФОТО: АФП