Трилер триумф за крај на успешната ЕХФ недела (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија одработи уште една тешка средба против Грузија, а херој на денот беше Поповски кој со гол во последната секунда донесе победа од 29:28.

Во текот на сите 60 минути имаше возбудувања и тешка игра, но работите се движеа на посакуваното ниво со оглед на тоа што Грузија не водеше во ниту еден момент.

Ова донесе до возбудлива завршница, па на крајот еден шут решаваше. Тој шут беше дело на Поповски, кој беше побрз од сирената и донесе победа на четвртата контрола неделава. Инаку, со неговиот гол Македонија дојде до реми против Италија пред неколку дена на контролата во Турција.