Титулата е сѐ уште блиску: Вардар има гол негатива, не чекаат уште пеколни 30 минути! (ФОТО)

Одлично прво полувреме игра македонскиот шампион Вардар во финалето на Лигата на Шампионите против ПСЖ.  По почетниот погодок на Ремили, Вардар преку Шишкарев стигна до највисоки 5-2. Сепак, Франзуците намалија на 4:5, пред двете екипи да направат по две грешки во нападите, а Дибиров да зголеми на 4:6. Одлични беа и голманите на двете екипи Штербик и Омејер, а составот на Нока Сердарушиќ успеа да замине на пауза со преднсот од 12:11 благодарение на серијата од 4:1.

Титулата е сѐ уште блиску за македонскиот шампион Вардар кој има само еден гол негатива, а преполната „Ланксес“ арена ветува уште пеколни 30 минути атомски ракомет!