Теренот во Струга заблеска со нова подлога и нов лик

Новото издание на турнирот во Струга стартува в среда, а теренот на кој ќе се играат натпреварите е веќе подготвен. Пристигна новаа подлога и истата е веќе наместена така што сè е подготвено за почеток на натпреварите.

Во текот на вчерашниот ден се работеше и подлогата беше наместена, па теренот на игралиштето на Женска плажа има сосема нов лик и блеска во сина боја.

Ова подлога е во соработка со обложувачниците „Моцарт“, а тоа може да се види и на центарот каде ќе стои знакот на оваа компанија.

Фото: Фејсбук