Татко и син настапуваат за ист тим – едниот брани, другиот дава голови

Драган и Алекса Старчевиќ од Добој се издвојуваат по тоа што се редок случај татко и син да играат во ист тим. 40-годишниот Драган и 16-годишниот Алекса се членови на екипата Дервента која се натпреварува во Втората лига по квалитет во Босна и Херцеговина.

Постариот Старчевиќ истакнува дека играњето со синот е едно необично искуство и особено му е драго што неговиот наследник е на теренот со него. Тој во ниеден момент не се надевал дека може да играат заедно, но сега е многу задоволен што неговиот син се занимава со спорт.

„Не знам дали други играчи имале вакво искуство, но ова е навистина нешто посебно. Соиграчи сме, зедно го носиме товарот со нашите соиграчи. Не очекував дека Алекса ќе се занимава со ракомет, драго ми е што се посвети на спортот. Доаѓаше на сите мои натпревари кога беше дете и сигурно тоа има влијание да се одлучи за ракометот“, изјави Драган Старчевиќ за босанските медиуми.

Драган и Алекса во март 2019 година играа против во официјален меч од четвртфиналето во Купот на Република Српска во Добој. Драган го бранеше голот на Дервента, а Алекса настапуваше за Слога и усепа да триумфира против својот татко.

Фото: svijet-rukometa.com