Танкоски: Благодарност до селекторот, ќе бидам и десно крило само да ја почуствувам оваа атмосфера (ВИДЕО)

Македонија загуби убедливо од Шпанија, но затоа на теренот шанса да покажат што знаат добија младите ракометари. Марио Танкоски е уште еден од неколкумината млади надежи кои го направија своето деби во македонскиот дрес на големите ракометни натпреварувања. Иако не од својата природна позиција-централен бек, Танкоски својот првенец во репрезентативниот дрес го постигна од левокрилната позиција.

За дебитантското чуство и очекувањата на Танкоски за утрешниот дуел против Исланд, погледнете во целосната изјава која македонската ракометна надеж ја даде за 24Ракомет ТВ.