Талески : На ова ЕП докажавме дека можеме да се носиме со сите противници

Македонија вечерва го претрпе и третиот пораз во главната фаза на ЕП во Хрватска, а со тоа заврши како 11-то пласирана. Младиот бек на репрезентацијата , Филип Талески по натпреварот со Данска не го криеше разочарувањето од дуелите во Вараждин.

„ Не очекуваваме да ја поминеме групата со три бода . Тоа беше изненадување и за нас, па од таа бајка во Загреб овде во Вараждин среќата ни го сврте грбот. Се ни тргна наопаку кога дојдовме овде. Загубивме од Шпанија, игравме фантастично со Чешка се одеше во наша полза но последните 10 минути беа кобни и го испуштивме полуфиналето. Денешниот натпревар против Данска ќе беше многу поинаков ако вчера славевеме над Чесите “

Талески имаше само пофални зборови и искрено се заблагодари на сите навивачи кои ги бодреа овие денови и беа ветер во грб на четата на „ црвено – жолтите“  и изрази задоволство од генералната игра на репрезентацијата на ова Европско првенство.

„ Да ја победевме Чешка вчера, салата ќе беше поисполнета . Треба да и заблагодариме на публиката која неизмерно не бодреше цело првенство. според мене ракометната репрезентација даде се од себе и мислам дека не го заслуживме ова место но главите горе, треба да извлечеме поука. Малку се направи притисок од сите … медиумите, навивачите и ние самите си направивме притисок за тоа полуфинале, но сепак сметам дека  одигравме добро со јаки селекции и докажавме дека можеме да се носиме со сите противници “ заврши Талески