Струга 2018: И поединечните награди завршија кај играчите на Целје

Екипата на Целје го освои трофејот на 46. издание на Струшкиот турнир, а покрај ова награди имаше и за ракометарите на овој тим. Со трофеј од Струга си заминаа и голманот и средниот бек на клубот.

Организаторот на играта, 18-годишниот Домен Макуџ го доби пехарот за најдобар играч на турнирот. Тој покажа најмногу во минатите пет дена. Одигра одличен турнир и демонстрираше квалитет кога беше најпотребно и успеа да ги води колегите до победата.

Тој првпат блесна во Македонија кога на Ф4 турнирот во СЕХА во Скопје годинава одигра исто така два одлични натпревари, па публиката го знае одлично оттаму.

Покрај Макуц награда имаше и за Клемен Ферлин. Тој особено во финалето имаше неверојатна партија. Одбрани 18 тешки удари и буквално ги откажа ракометарите на Констанца. Оттаму ова беше одлично издание и за него и признание.