Стерјев: Не размислуваме за нов тренер!

Откако по мечот Еурофарм Работник – Татабања тренерот на битолчани најави дека може да си замине и истото им го најави на играчите, од управата на клубот велат дека тие не размислуваат за нов тренер.

„ Сакам да демантирам дека ние како управа не размислуваме за нов тренер воопшто, вели Зоран Стерјев, претседателот на клубот.

Но Стерјев не демантираше дека тренерот Чирковиќ најавил оставка и истото им го кажал на играчите. Веднаш по завршување на натпреварот тренерот на македонскиот тим Ѓорѓе Чирковиќ им најавил на ракометарите дека повеќе нема да соработуваат.

„Несакам да работам со вакви неодговорни играчи. Не го направивте она што го побарав од вас. Ви благодарам,, им кажал Чирковиќ на играчите во соблекувалната.

По прес- конференцијата тој воошто не се вратил кај екипата туку ја напушти спортската сала.

Еурофарм Работник во вториот натпревар од Б групата на Купот на ЕХФ загуби со 21-31 и остана на последното место. Во следното коло битолчани гостуваат кај Нексе.