Стартуваше “Супер Глоуб” во Катар

Денеска во Доха стартуваше Светското клупско првенство, Супер Глоуб натпреварувањето кое оваа година ќе биде домаќин на екипите на Есперанца Спортив(Тунис), Сиднеј Универзити (Австралија), Европскиот шампион Фленсбург (Германија), бразилски Таубате, домашните екипи Ал Саад, Ал Ахли и Ал Џаиш, како и екипата на нашиот Кирил Лазаров, Барселона.

Во првиот натпревар од денешната програма екипата на туниски Есперанца Спортив беше подобра од Сиднеј Универзити со 29:20 (14:5). Во вториот натпревар кој стартуваше во 14:00 часот, Европскиот шампион Фленсбург ја совлада екипата на Таубате од Бразил со 28:22 (12:9), а од 16:00 часот силите ги одмерија домашните екипи Ал Џаиш и Ал Ахли во кој победа извојува Ал Џаиш со 28:23. Во последниот натпревар кој на програмата е од 19:15 часот Барселона игра против екипата на Ал Саад.