СРЦ„Кале“ домаќин на осмина-финалните натпревари од купот

Денес ( вторник 13.05.2014)РК Вардар е домаќин на една од осмина-финалните групи за пласман на завршниот турнир од купот на Македонија кој ќе се игра викендов во Охрид.  Програмата започнува од 13:00 часот со натпреварот помеѓу  Вардар и Охрид 2011, а во 19:00 часот силите ќе ги одмерат Вардар и Металург Јуниор.

Финалниот турнир од купот на Македонија ќе се одржи престојниот викенд ( 17 и 18 мај) во Охрид.