Среќна 13-ка за Зорица Десподовска

Тимот на Кобиержице, каде што настапува македонската интернационалка Зорица Десподовска, оствари гостински триумф во полскиот шампионат.

Кобиержице победи кај составот на Јарослав со 28-31 во натпревар од 7. коло, а нашата ракометарка беше клучна за трумфот.

Десподовска погоди дури 13 пати, и му донесе трето место на табелата на нејзиниот тим. Во следното коло Кобиержице ќе гостува кај некогашниот тим на Десподовска – Пјотрковија.