Среќен роденден!

На денешниот список на славеници се наоѓа и една ракометарка која настапува во домашното првенство. Се работи за голманката на тимот на Чаир, Слободанка Кицеска која на почетокот на оваа сезона дојде во тимот од Пелистер. Денеска полни 20 години.

Голманот на репрезентацијата на Франција и од оваа сезона на тимот на ПСЖ, Винсен Жерард исто така ќе слави роденден. Тој ќе наполни 33 години.

Роденден слави и Игор Кралов од Русија, кој игра за тимот на Чеховски медведи. Тој денеска ќе го прослави својот 25. роденден.

Среќен роденден Слободанка, Винсен и Игор!