Среќен роденден Михајлo и Александар!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, кој настапува на позицијата десен бек, Михајло Петровски денеска ќе прослави роденден. Петровски денеска ќе наполни 36 години.

Денеска меѓу славениците е и тренерот на голманите во Вардар и во репрезентацијата на Македонија, Александар Царчев. Еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот ракомет денеска полни 58 години.

Роденден има и Вјачеслав Шумак. Белорусинот кој е дел од тимот на Мешков Брест денеска ќе го прослави својот 31. роденден.

На списокот е и Французинката Паулета Фопа. Таа игра за екипата на Брест. Денеска полни 19 години.

Среќен роденден Михајчо, Вјачеслав и Паулета!