Среќен Роденден, Вугринец !

Денес десниот бек на РК Металург и македонската репрезентација,  Ренато Вугринец ги прослави своите 39 години. Екипата на 24 ракомет му го честита роденденот и му посакува многу успеси.

Фото: Благој Ачевски

Десниот бек на Металург потекнува од Цејле. Во својата ракометна кариера има настапи за седум клубови. Интернационалната кариера ја започна во 2004 година кога потпишува за германскиот ракометен клуб Магденбург. Три сезони го носеше дресот на Сан Антонио во Шпанија  ( 2006-2009), а потоа се врати во својот матичен клуб РК Цејле ( 2009-2010), една сезона го носеше дресот на Ал Сад Доха во Катар ( 2010-2011), РК Хамбург ( 2011-2012),  краток престој имаше во Марибор за потоа да премине во редовите на Металург. Ренато Вугринец има настапувано на Летните Олимписки Игри во 2000 година и 2004 година со репрезентацијата на Словенија.