Скубе за 24 Ракомет ТВ: Кугис е играч на натпреварот, тој го одлучи победникот (ВИДЕО)

Вардар доби уште една средба во Лигата на шампионите и продолжи со победоносниот од во најсилното натпреварување. Денеска го реши тимот на Порто после големо надигрување кое траеше 60 минути. Сепак, во вториот дел Вардар беше на висина на задачата и покажа зошто е европски првак и дека секој ракометар има своја улога и придонес.

„Според мене Кугис беше играчот кој го одлучи натпреварот со неговата игра во второто полувреме. Тој одбрани неколку зицери, па постигнавме неколку голови на празен гол. Порто не е наивна екипа и ќе биде сигурно изненадување во оваа сезона од Лигата на шампионите“, изјави Скубе за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.