Скубе за 24Ракомет ТВ: Одиме на победа и освојување на СЕХА пехарот (ВИДЕО)

Избраниците на Роберто Гарсија Парондо во вечерашниот дуел против Мешков Брест стигнаа до победа со резултат 25-23 која ги носи во големото финале на СЕХА лигата.

Скубе со два гола одигра солидна партија во таборот на македонскиот шампион која придонесе за триумфот во Брест.

“Имавме тежок натпревар но сосема заслужено победивме. Во предност бевме во текот на целиот натпревар иако имавме неколку „црни минути“ но брзо се вративме. Утре играме против Загреб и одиме на победа и освојување на СЕХА пехарот “ истакна Скубе

Неговата целосна изјава може да ја погледнете во видеото во продолжение.