Скандинавскиот двобој за Норвешка, Русија маршира без пораз, Србинките до голем триумф

Денеска започна втората фаза од Светското првенство во Јапонија, а можевме да видиме шест интересни натпревари. Русинките продолжуваат да газат и понатаму, а најнова жртва беше селекцијата на Романија која беше совладана со 18-27.

Црна Гора се помачи со Јапонија, но на крајот славеше со 30-26. Поранешната вардарка Јованка Радичевиќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека Мајда Мехмедовиќ постигна пет погодоци.

Германија направи ново изненадување и ја победи Холандија со 25-23. Со овој триумф, Германките се блиску до полуфинале. Шпанија иако имаше предност од девет голови на дуелот против Шведска, на крајот мораше да се задоволи само со реми, 28-28.

Норвешка го доби скандинавскиот дуел со Данска, 22-19, додека селекцијата на Србија одигра одличен натпревар и го совлада незгодниот состав на Јужна Кореа со 35-33.

Резултати СП, главна фаза:

Романија – Русија 18-27
Србија – Јужна Кореа 35-33
Црна Гора – Јапонија 30-26
Холандија – Германија 23-25
Шпанија – Шведска 28-28
Норвешка – Данска 22-19