Силкеборг демантира дека Маркусен ќе му стане соиграч на Лазаров во Нант

Француските медиуми објавија дека Николај Маркусен е многу блиску до трансфер во Нант каде што би требало да го замени Ромен Лагард. Маркусен бил во контакт со Нант, но тоа не значи дека е договорено и го менува клубот.

Силкеборг очекува дека данскиот репрезентативец ќе остане во тимот барем уште една сезона. Најверојатно еден од најдобрите стрелци во Данска ќе игра и наредната сезона во домашниот шампионат. Како што изјавија од клубот тие сè уште немаат добиено конкретна понуда и доколку добијат сигурно нема да се задоволат со мала понуда.

Данскиот тим го ангажираше младиот лев бек Мадс Кјелдгард Андерсен една година порано од договореното. Иако очекуваат Маркусен да остане сепак ова е можна најава дека сепак освојувачот на Светската тиула годинава ќе ги напушти.

Доколку Маркусен премине во Нант тренер ќе му биде поранешниот соиграч од Атлетико Мадрид, Алберто Ентрериос. Исто така по повеќе години, Лазаров ќе игра со добро познат играч од редовите на Атлетико.