СЕХА- Вардар ја брани македонската чест на фајнл фор турнирот во Нови Сад

Овој викенд (11-13 април) во Нови Сад се одржува завршниот турнир на Гаспром јужен тек Сеха лигата. Ракометарите на Вардар трет пат по ред ќе ја бранат честа на македонскиот ракомет. Полни со самодоверба по елиминацијата на Европскиот шампион Хамбург, Вардарци со голем оптимизам отпатуваа за Нови Сад со желба титулата победник на Сеха лигата да ја донесат во Скопје втор пат во изминативе 3 години.

Но патот до таа титула ќе биде тежок. Друштво на Вардар ќе му прават добро познатите Загреб, Татран Прешов и амбициозниот Брест Мешков. Трио за респект против кое мора да пружи 100% од своите можности ако се сака Сеха титулата во своите витрини.Во првото полуфинале во петок(18:00) Вардар се среќава со Хрватскиот шампион Загреб.Во регуларниот дел од Сеха лигата Загреб беше подобар на свој терен победувајки го Вардар со 30-29, за во Скопје Вардар да се реваншира со високи 33-24.

Натпреварот ќе го суди српската судиска двојка Мошорински и Панџиќ.

Во второто полуфинале (20:30) ќе се сретнат екипите на Татран Прешов и Мешков Брест.