СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР: Карабатиќ се враќа во Барселона?!

Шпанските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија сензационална вест дека Никола Карабатиќ би можел да го напушти францускиот ПСЖ во текот на летото.

Нова дестинација на легендарниот ракометар би требало да биде каталонскиот гигант и клубот каде што веќе мина дел од својата кариера – Барселона.

Други информации велат дека покрај Карабатиќ, уште неколку други играчи од ПСЖ биле понудени во шпанскиот клуб преку менаџери, но понудата била одбиена од страна на шпанскиот тим.

Веројатно во текот на денешниот ден ќе има поконкретни информации за евентуалното заминување на Карабатиќ од дрим тимот предводен од Раул Гонзалес.