Свирежи за Борозан, аплаузи за Мораес – екс вардарците се вратија во Скопје (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите.

Во Скопје гостува унгарскиот гигант Веспрем, со поранешните вардарци – Мораес, Борозан, Штербик и Манасков, како и тренерот Дејвис.

Голманот и левото крило веќе гостуваа во Скопје како членови на унгарскиот тим, а за првпат во скопскиот пекол како противници се пивотменот и левиот бек.

Публиката во СЦ „Јане Сандански“ со свирежи го пречека Црногорецот, а со голем аплауз го поздрави бразилскиот репрезентативец.