Ристовски : Жалосно е да се заврши ЕП со ваков пораз

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија загуби и на последниот натпревар од главната фаза на ЕП во Хрватска од репрезентацијата на Данска (12-12) 20-31. Борко Ристовски имаше одлична партија на вчерашниот натпревар со Чешка, а денеска иако беше во составот го изгледа натпреварот од клупата.

Во однос на целокупниот настап на репрезентацијата, македонскиот голман истакна дека сите во репрезентацијата дале се од себе на секој натпревар и жали за пропуштените шанси.

„ Нема многу филозофија. На сите натпревари одигравме борбено и дадовме сто проценти од себе ако не и повеќе. Жалосно е што не остваривме и подобар резултат бидејќи имавме с во наши раце и мислам дека сè ќе беше поинаку ако го добиевме вчерашниот натпревар со Чешка. Македонија ќе завршеше со една многу поубава ракометна приказна од оваа денес. Жалосно е да се заврши ЕП со ваков пораз, но ние сме Балканци и треба да поработиме малку на  нашата психологија“ – рече Ристовски

Репрезентативниот голман изрази задоволство од енергијата и сплотеноста која ги краси „ црвено – жолтите“ и истакна дека воопшто не е важно кој е најдобар , а кој најлош во репрезентацијата туку дека е важно репрезентацијата да има успех.

„ Овде играме за државата и важно е дека уште од првиот момент имаше хемија меѓу играчите и Раул. Радува што како никогаш до сега не краси заедништво и сплотеност. Раул даде простор и ротација за сите, гледате и колку им верува на младите играчи. На ова превенство ни недостигаше малку среќа, сила и малку знаење “ – заврши Ристовски