Ристовска фати добар ритам со ЦСКА Москва

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска која денеска го прославува својот 23 роденден игра во добра форма во новиот клуб и даде солиден придонес во победата над Уфа Алиса од 45:18. Тимот на ЦСКА Москва игра во добра форма, а тоа секако е од големо значење и за репрезентативката на Македонија која на теренот мина 23 минути.

За овој период Ристовска успеа да постигне три гола од четири удари, а се очекуваат уште подобри игри и на следните средби.

Со формата која ЦСКА Москва ја покажува од стартот на сезоната јасно е дека се вбројува меѓу фаворитите за висок пласман односно за место во европските купови следната сезона.