Ристовска доби нова колешка: Илина му се враќа на ракометот – потпиша за ЦСКА Москва!

Некогашната ракометарка на Лада Толјати, Кубан Краснодар и Ростов Дон – Екатерина Илина, по една година пауза му се враќа на ракометот.

Таа потпиша договор со новиот проект ЦСКА Москва и и стана колешка на македонската репрезентативка Сара Ристовска, а во руската престолнина би требало да остане во следните две сезони.

Илина е трикратен шампион на Русија, а со Кубан го освои и Купот на ЕХФ. Настапуваше за руската репрезентација во сите возрасни категории.

Летото 2018 година таа објави привремен крај на кариерата поради проблемите со грбот, но сега му се врати на ракометот, а ЦСКА Москва доби и повеќе од идеална замена за повредената Дариа Дмитриева.