Ристовска го сруши шесткратниот руски првак Лада Толјати

Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја забележа најзначајната победа во кратката клупска историја.

Во Москва, избраничките на Јан Лесли го совладаа шесткратниот освојувач на титулата во Русија и минатогодишен вицепрвак Лада Толјати со 25-23.

Во натпреварот од четвртото коло во рускиот шампионат, најдобра на теренот беше нашата Ристовска, која погоди шест пати од осум обиди.

Два од головите беа во финишот кога се кршеше резултатот. Следен предизвик за ЦСКА Москва и Ристовска ќе биде гостувањето во Уфа кај составот на Алиса.