Реприза на минатогодишното финале во Купот на Македонија

Куп на Македонија, полуфинале, СРЦ Кале, Скопје

10.05.2014 ЖРК Вардар СЦБТ 43-17 ЖРК Металург Скопје

Во рутински натпревар во полуфиналето на купот на Македонија, тимот на Вардар супериорно го обезбеди своето место во финалето. Ѕвездените тим на Вардар настапи без најдобрата ракометарка на светот, Андреа Лекиќ, и без француската репрезентативки Лејно. Ракометарките на Вардар кои не добиваа минутажа во досегашниот тек на сезоната како да ја чекаа својата шанса да докажат дека треба да се смета на нив. Уште од првите минути Штеријова, Кликовац, Лојпур и Саидова,засилени со првотимките Пино, Радичевиќ и Хмирова, покажаа зошто се трет тим во Европа. Младите и надежни ракометарки на Металург ги загубија силите уште во првите моменти од натпреварот, од друга страна Вардарки демонстрираа гранит на одбрана и за 20 минути игра имаа 15 голови предност, 18-3.За највисоките 21 голови разлика се погрижи Кликовац неколку секунди пред истекот на првите 30 минути.
Второто полувреме започна идентично како и првото, Вардар ја имаше контролата над играта и резултатот, а неискусните гостинки не знаеа како да го искористат моментот на опуштање на Вардарки. До крајот на мечот продефилира целата клупа на Вардар со исклучок на Џокиќ и Суслина, за потврда на пласманот во Финалето со резултат 43-17

10.05.2014 ЖРК Металург 31-20 ЖРК Вардар

Во првиот полуфинален меч кој беше на програмата од 16часот бранителот на женскиот ракометан Куп, екипата на ЖРК Металург ја совлада екипата на ЖРК Вардар со 31-20. Разликата, гостите ја направија во првиот дел од натпреварот и на полувреме имаа 10 голови предност,21-10 за Металург, која ја зачуваа до крајот.
Финалето на Купот е во недела 11.05.2014 во 12:00.