Репрезентативците во 18 часот ќе ги запознаат условите во „Хореа Демијан“

Ракометарите кои Раул Гонзалес ги поведе на реванш средбата против Романија денеска од 18 часот по македонско време ќе го имаат запознавањето со салата „Хореа Демијан“ во која утре ќе го одиграат натпреварот по кој ќе се знае патникот на Мундијалот во јануари во 2019 година.

Вкупно 17 ракометари ќе се најдат на тренинг и ќе имаат можност да се борат за место во тимот, а на Раул е да одлучи дали ќе направи измена и доколку прави како ќе изгледа истата. Во однос на оние 16 од првиот меч во Скопје тука е и Златко Даскалоски, кој одлично знае како е да се игра во Романија бидејќи настапува во шампионатот во оваа земја.

Дефинитивно за очекување е да има добар тренинг бидејќи расположението е на високо ниво и сигурно ќе има што да се види и утре на теренот. Сепак, прво треба да се одработи овој тренинг кој почнува само пола час подоцна од терминот во кој утре ќе биде одигран натпреварот.